Градоначалникот Јанчев во посета на „тенеќе маало“
26-12-2017 РЕГИОН

 

Градоначалникот на Општина Кавадарци м-р Митко Јанче, во придружба на раководителите од секторите за градежништво од Општината,какои службени лица од Полициската станица од општа надлежност Кавадарци беше во посета на таканареченото „Тенеќе маало“.

 

Денешната посета беше на повеќекратните барања на жителите од УЗ „Страшо Пинџур“, како и на ромсакат популација од дивата населба покрај Шумарското улилчиште.

 

 

            Посетата имаше за цел да направи увид во условите за живот на овие граѓани, да се согледаат состобата и бројот објектите, како и на популацијата која што живее во нив.

 

 

            Јанчев веднаш после увидот најави дека денешната посета е основа за понатамошните чекори во решавањето на овој децениски проблем - се вели во информацијата од службата за односи со јавноста при Локална самоуправа.

 



Share

Додади коментар