Градоначалникот на општина Кавадарци,Александар Панов упатува честитки до сите православни христијани по повод утрешниот празник на градот , Света Петка, а воедно ги поканува верниците да присустваат на свечената божествена литургија во храмот Свети Димитрија, а потоа и во новата црква посветена на заштитничката на градот, Света Петка.
Панов упати честитка и до муслиманските верници по повод утрешниот празник Рамазан Бајрам. Во честитката се вели:
Почитувани сограѓани, припадници на муслиманската вероисповест од општината, Повардарскиот регион и Република Македонија, без разлика на вашата етничка припадност, дозволете ми во свое име и во името на граѓаните на општината Кавадарци да ви го честитам големиот муслимански празник Рамазан Бајрам
Ви го честитам еден од најсветите исламски празници Рамазан-бајрам, и завршувањето на рамазанските пости. Ви посакувам празникот да го поминат во радост со семејството, меѓу своите пријатели и соседи, во хуманост и хармонија. Овие денови на празнична радост, кога се јакнат вредностите на толеранција и меѓусебно разбирање, нека бидат денови на општоприфатените хумани човечки вредности.
Празникот Рамазан Бајрам Ви го честитам со најискрени желби за успех. Посакувам токму во овие денови да ги зацрвстиме нашите вековни принципи на градење на мултиконфесионална и мултиетничка Македонија, во која нашите граѓани христијани и муслимани од секогаш знаеле да живеат едни со други, а не само едни покрај други, без разлика на нивната верска или етничка припадност.
Уште еднаш, Ви го честитам големиот празник и Ви посакувам многу здравје, среќа, радост и духовен мир, а духовниот мир нека Ви донесе успех во сите полиња и дејности на Вашите животи.
Додади коментар