Градоначалникот Панов одговори на обвинувањата од СДСМ
02-11-2013 РЕГИОН

Градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов, синоќа во емисијата ТВ Објектив на КТВ одговори на обвинувањата кои вчера на прес конференција на негова адреса ги испорачаа од ОО на СДСМ Кавадарци во врска со последната одлука на советот за задолжување на општината за 45,5 милиони денари поради тоа што одлуката е донесена без нивно присуство и без навреме да им биде доставен материјалот за точката.

„Тие уживаат кога нешто не се гради во Кавадарци. Ги нахушкаа луѓето и за изградбата на деловен-трговски центар за да не се гради со првиот заем од околу 90 милиони денари. Тоа не е својствено за Кавадарци. Кавадарчани се луѓе кои независно кој гради сите викаат, ако е, нека се гради. Ако се добри СДСМ и градат сите ќе станеме СДСМ, сите до еден. Ако е ВМРО добро, што покажа дека е така, мојот апел е сите да станат ВМРО и да им кажат на оние од СДСМ дека се само галамџии и муабетчии, дека не ги бива. Дека треба да се преиспитаат и својата позитивна енергија да ја насочат кон проекти“ рече Панов.

Тој нагласи дека со новиот заем од Светска банка за кој реагира опозиијата ќе се изврши реконструкција на објектите на средните и основните училишта во општината.

А.Д



Share

Додади коментар