Градоначалникот Александар Панов синоќа имаше работна средба со фудбалерите на ФК „Тиквеш“ 2014, на која присуствуваше и претседателот на Управниот одбор Илија Темелков.
Тема на разговорот беше запознавање на Панов со постигнатите резултати на екипата во есенскиот дел од првенството во третата лига- Југ, како и актуелната ситуација во клубот - информираа од Службата за односи со јавноста при општината.
Притоа Градоначалникот ги запозна првотимците со намерите на Општината за подобрување на состојбата во клубот и на градскиот стадион.
Општината во наредната 2016 година преку буџетото, а со посредство на општинскиот Сојуз на спортови во фудбалскиот клуб ќе помогне со сума од 1.000.000 денари односно трипати повеќе од минатогодишните 350.000 денари. На почетокот од идната година ќе се одржи традиционалниот меморијален зимски фудбалски турнир „Вуко Каров“ и Сите фудбалкски легенди.
Освен ова Општината во 2016 година од оператвниот буџет ќе намени 2.000.000 денари за подобрување на инфраструктурата на градскиот фудбалски стадион.
Градоначалникот Панов и натаму опстојува на ставот дека во оваа фаза Општината ќе го помага фудбалскиот клуб, работејќи паралелно на изнаоѓање на квалитетен спонзор кој би го превзел клубот. Притоа таа ќе создаде оптимални услови и поволности за оставрување на крајната цел, заживување на фудбалот во Кавадарци и создавање на квалитетен фудбалски клуб согласно на општествениот систем во кој живееме, како и економските услови во државата.
Градоначалникот од средбата упати јавен повик до сите „душегрижници“: „Доколку му сакаат добро на клубот, да се тргнат понастрана од фудбалот“. - се наведува во известувањето од Службата за односи со јавноста при општината
Додади коментар