Градоначалникот Панов му одговори на советникот Белевски
29-08-2014 РЕГИОН

„Не присуствав на седницата поради обврски во Скопје“- вака градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов одговори на прозивката од советникот Горан Белевски дека не присуства на седници на советот. Рече дека советникот изнел погрешна констатација со цел да ја замајува кавадаречката јавност.

 

„Тие како опозиција најавија свое дејствување и еве го започнаа под директива. Не присуствував затоа што имав обврски во Скопје. Се е во Скопје и мора да се оди, да се донесат пари. Додека некој се труди да донесе финансии и да реализира уште еден проект повеќе во Кавадарци тие си играат очигледно политика. Една обична седница на која требаше да се расправа за учинување на граѓаните. Имаме неколку улици кои го носат истото име. Опозицијата и во тоа почна да наоѓа политика. Тоа не е ни политика, тоа е политиканство. Ова сценарио кое е познато само во Скопје, сакаат да го применат и тука. Но тоа нема да му се допадне на кавадарчани. Тие не се екстремисти како што тие се обидуваат да прокламираат. Не се оговарачи и завидливи луѓе како што сакаат тие да бидат. Неколку пати советникот Белевски сугерира за тоа дека сум се бавел со бизнис. Јавно го повикувам да го посочи мојот бизнис, бидејќи јас тој мој бизнис не го знам. Единствена работа со која се занимавам и која ми одзема многу време и тоа време од фамилијата, не само од моето лично време е функцијата градоначалник. Никогаш не сум се занимавал со бизнис ниту ќе се занимавам. Единствена работа која му смета е дека сум во функција на бизнисот, а тоа значи во функција на ставање во употреба на „МИК“ и ДИК „Страшо Пинџур“ и на слободните простории каде треба да се изгради фабрика. Опозицијата се води од една идеја и една премиса својствена за еден минат период, оној кој се занимава со полтика да има еден или два бизниса, кои што ќе им го полнат буџетот и мислат дека сите се како нив. Не сум сакал никогаш да ја користам мојата функицја за да бидам бизнисмен и о да правам финансии за мојата фамилија“ одоговри Панов на обвинувањата од советникот Горан Белевски изнесени на прес конфеенцијата одржана по напуштањето на седница.



Share

Додади коментар