Градоначалникот Панов им го честита матурирањето на матурантите
20-05-2015 РЕГИОН

Почитувани матуранти,

Младоста е авангардата, пркосот и движечката сила на секое општество. Младите се нередната генерација кавадрчани, македонци, - промотори  на нашиот културен, економски и политички развој.

Овие вредности јас и локалната самоуправа целосно ги почитуваме, а тие се врвен приоритет и во работењето на општина Кавадарци.

Сега, кога зачекорувате во полнолетството, насочете го вашиот младешки потенцијал кон позитивните вредности. Пред се во личното обликување во корисен член на општеството кое заеднички го градиме.

На крстосницата од животот немојте да ги заборавите традиционалните вредности: семејството, културата и добрата воља. Тие ве оплеменуваат и ви помагаат многу поуспешно да се справите со предизвиците на животот  во кој што зачекорувате.

Образованието нека ви биде приоритет. Бидејќп само образована младина и продуховен народ ќе можат да одговорат на барањата на новото време.

Изборот пред  кој  сте исправени, Каде понатаму, е Ваш   и  личен.

Појдете по патот на знаењето, бидејќи така  ќе си обезбедите моќ и подобар живот.

Нека ви е честито матурирањето и полнолетството.

Но ! секогаш имајте ја на ум: Само добро наобразуван млад човек може многу поуспешно да се  вгради себе во заедничката цел подобра Македонија и  просперитетно Кавадарци

         



Share

Додади коментар