Градоначалникот Панов даде отчет за сработеното
03-07-2013 РЕГИОН

Градоначалникот на Кавадарци денеска одржа прес конференција во Скопје на која ја информираше јавноста за сработеното во неговиот мандат. Нагласи дека во изминатиот период се докаѓало како се сака Кавадарци со дела.

“Заедно со Владата на РМ реализиравме многу дела кои значеа задоволување на егзистенционални и цивилизациски потреби на кавадарчани кои имаа една цел – Кавадарци за сите! Водени од овој врвен идеал и добиената доверба за периодот 2013-2017, продолжуваме со новите дела за Кавадарци“ рече Панов и ги наброја проектите од новиот мандат. Ја спомена изградбата на кружен тек на влезот од градот, комплетна реконструкција на водовот, канализација и атмосферска канализација на ул. Охридска и сите споредни улици, отпочнување со комплетна замена на цементно-азбесните цефки преку проект финансиран од KFW банка во висина од 700 000 евра.

„Со помош на Владата на РМ се продолжи со реализација на реконструирање и проширување на регионалниот пат кон Мушов гроб и патот Ладно долче-Страгово-Крњево.  Отпочнавме и ќе продолжиме со реализација на катната гаража.   Со помош на Светска банка реализиравме проект за термо фасади и ПВЦ-столарија за 9 воспитно-образовни институции и градинки во вредност од 21 000 000 денари.  Набавивме уште едно мало возило за износ на смет од тесните улици во градот. Направивме нов музеј за градот. Го ставивме во функција одморалиштето во Михајлово. Изработен е споменик во чест на жртвите од Тиквешкото востание од 1913, рече Панов и најави  нови проекти кои општината ќе ги сработи со подршка од владата, а тоа е продолжување на реконструкцијата на патот од с. Ресава-с.Бетниште, инсталирање на 5 системи за автоматско хлорирање на водата за с.Бојанчиште, с. Куманичево, Конопиште, Д. Бошава, Крњево и с. Страгово, Изработка на проект за реконструкција на патот Кавадарци-Дисан и Сопот-Манастирец, Продолжување на колекторот до с. Глишиќ, односно до крајната дестинација во должина од 700 метри, доасфалтирање на патот до с. Фариш, отпочнување на постапката за деловно трговски центар на локацијата на градскиот пазар.



Share

Додади коментар