Градоначалникот на Велес го претстави отчетот за сработеното
17-02-2014 РЕГИОН

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ВЕЛЕС СЛАВЧО ЧАДИЕВ ИЗРАБОТИ ДОКУМЕНТ ЗА РАБОТАТА НА ОПШТИНАТА ВО 2013-ТА ГОДИНА.. ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ИЗДАДЕ БРОШУРА СО 40-ТИНА СТРАНИЦИ ВО КОЈА СЕ ЗАПИШАНИ СИТЕ РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ.. ОТЧЕТОТ НА ОПШТИНАТА Е ПРЕДВИДЕНО ДА СТИГНЕ ДО СЕКОЈ ДОМ.. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЧАДИЕВ ВЕЛИ ДЕКА РЕАЛИЗИРАНОТО Е СПОРЕД ПРОГРАМАТА ЗА РАБОТА НО И ВЕТУВАЊАТА ДАДЕНИ ВО ПРЕДИЗБОРНАТА КАМПАЊА..

 

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦИ, ИЗГРАДБА НА ЛОКАЛНИ ПАТИШТА, НОВ ПЕШАЧКИ МОСТ, ДОБИВАЊЕ СЕРТИФИКАТ ЗА ПОВОЛНО БИЗНИС ОПКРУЖУВАЊЕ СЕ САМО ДЕЛ ОД ПРОЕКТИТЕ ЗАПИШАНИ ВО ОТЧЕТОТ НА ОПШТИНАТА ЗА ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА.. СЕ РЕАЛИЗИРАЛЕ НАД 120 АКТИВНОСТИ.. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЧАДИЕВ ВЕЛИ ДЕКА И ОВАА ГОДИНА КОНТИНУИРАНО ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРААТ ПРОЕКТИ ОД КОМУНАЛНАТА ИНФРАСТРУКТУРА, ОБРАЗОВАНИЕТО, КУЛТУРАТА.. ОЧЕКУВА ДЕКА СО ПРЕДВИДЕНИОТ ГОДИШЕН БУЏЕТ ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРААТ СИТЕ ЗАМИСЛЕНИ АКТИВНОСТИ..

 

ИНАКУ ОСВЕН ВО ГРАДОТ, РЕАЛИЗИРАНИ СЕ ПРОЕКТИ И ВО ВЕЛЕШКИТЕ СЕЛА.. АСФАЛТИРАН Е ПАТОТ ДО ОРАОВЕЦ, БЕТОНИРАНО Е СПОРТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ГОРНО ОРИЗАРИ, РЕКОНСТУИРАНИ СЕ ШКОЛСКИТЕ ТОАЛЕТИ ВО СЛИВНИК.. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЧАДИЕВ ВЕЛИ ДЕКА ДАВАЊЕТО ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ОПШТИНАТА ЌЕ ПРОДОЛЖИ И ВО СЛЕДНИОТ ПЕРИОД..

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЧАДИЕВ ВЕЛИ ДЕКА ОТЧЕТОТ КОЈ Е ОТПЕЧАТЕН ВО 6 ИЛЈАДИ ПРИМЕРОЦИ ВО СЛЕДНИОТ ПЕРИОД ЌЕ ГО ДОБИЈАТ И ГРАЃАНИТЕ..

 З.Јаневски

 



Share

Додади коментар