Градоначалникот ги слушна проблемите на жителите во Сопот и Марена
23-01-2014 РЕГИОН

Во рамките на редовните средби со граѓаните од руралните месни заедници, градоначалникот  Александар Панов синоќа реализираше две од кои првата со жителите на село Сопот, а втората со населението од Марена.

На двете средби Панов во воведот информираше за реализираните проекти во минатат година, а се осврна и на приоритетите кои ќе ги има општината во однос на комуналната изградба во 2014 година. Подвлече дека во овие две рурални средини  општината во изминатите години има вложено срдстав со кои се интервенираше во инфраструктурата пред се канализацијата, како и во асфалтирањето и поплочувањето на улиците во двете села.

Заеднички проблем на двете села е непријатната миризба која се шири од реката „Луда Мара како реципиент на отпадните и фекалните води на Кавадарци. Проблемот радикално се чуствува во Марена чии жители побараа интервенција од општината и што побрзо решавање на овој проблем. Притоа предлоќија да се интервенира со булдожер во речното корито , со цел да се исчисти од стариот отпад кој се распаѓа ,а реката нема капацитет да го однес во долниот дел. Градоначалникот ја прифати оваа сугестија како времено решение, но ги потсети дека во изминатите  пет години тој како градоначалник успеа да догради 1600 метри нов колектор, како и да реконструира и надополни 400 метри од стариот колектор. Следна фаза е негово доведување до крајната точка каде ќе се гради прочистителната станица за која пари ќе обезбеди Владата  и дека Кавадарци е влезен во групата на првите 7 градови кои во наредните неколку години ќе добијат Прочистителна станица.

Во селото Сопот најгорлив проблем е оној со наводнувањето, кој пак не е во надлежност на општината. Но панов зеде обврска да посредува помеѓу земјоделците и министерството со цел да се надмине проблемот. Во сопот се  интересираа и за можноста да се доасфалтираат или поплочат преостанатите улици со што селото ќе го заокружи урбанистичкиот лик.

Во Марена пак дел од граѓаните кои живеат преку мостот  во правец на Сопот побараа интервенција од општината во канализационата мрежам која на времето е профилирана за две до три куќи ,а сега на истата се приклучени триесеттина  што предизвикува проблеми.

Градоначалникот вети залагање во надминувањетѕо на проблемот, а на присутните им ја посочи придобивката од урбанизација на селата со што општината ќе ги исзготвии плановите, а жителите ќе добијат урбанизации на нивните куќи, се вели во информацијата од Службата за односи со јавноста при општина Кавадарци.



Share

Додади коментар