Градинката „Димче Мирчев“ отвора соба за сензорна интеграција
02-12-2014 РЕГИОН

Градинката „Димче Мирчев“ отвора соба за сензорна интеграција. Нејзина цел е рехабилитација и советување на децата со потешкотии во развојот. Кај едно од дваесет деца се јавува намалената способност за примање на информациите преку сетилните органи.. Во велешката градинка годишно со ваква состојба има по дваесетина деца.. Кај нив, отсуството на способност за добивање информации преку сетилните органи влијае во подоцнежниот развој.. Тоа може да им создаде проблеми во играта и учењето..

Отворањето на собата за сензорна интеграција се реализира преку проектот искра на невладината организација 46664.. Парите за набавка на потребната опрема се собираат и преку низа хуманитарни настани.. Идниот четврток во клубот авангард ќе се одржи хуманитарна забава а парите собрани од влезниците се наменети за доопремување на сензорната соба..

Од градинката велат дека освен децата кои престојуваат, собата за сензорна интеграција ќе служи за помош и на останатите деца до 10 годишна возраст.. Предвидено е подоцна таа да биде дел од центарот за рехабилитација и советување на деца со потешкотии во развојот. Овде стручна помош ќе добиваат и родителите..

Собата за сензорна интеграција ќе работи во клонот на градинката кај градскиот пазар.. Според најавите предвидено е да се отвори во средината на идната година.

 Зоран Јаневски 



Share

Додади коментар