Градежните активности во Кавадарци продолжуваат
31-07-2019 РЕГИОН

Општина Кавадарци продолжува со реализација на проектот на ново пробиениот на крак на улицата „Дисанска“ во населбата „Парк“.
Станува збор за сосема нова делница со површина од 250 квадратни метри, како продолжение на постојна споредна улица.

 

Во вторатa фазa Општината како дел од програмата за одржување и реконструкција на подземната инфраструктура на овој крак од улицата изврши реконструкција na постојната канализациона и водоводна мрежа, како и пробивање и поставување на нова водоводна и канализациона линија. Во завршна фаза на проектот на улицата, ќе се постават рабници и бехатон плочки.

 

На барање на жителите од улицата „Владимир Назор“ Општина Кавадарци реализира проект за изградба на потпорен ѕид, формирање на пристапен дел од улицата, како и изградба на решетка за зафаќање на атмосферските води.

 


Со реализацијата на овој комунален проект жителите на овој дел од населбата „Голи оток“ ќе добиjат стабилизирано земјиште, нов урбанизиран пристап, и пред се заштита од евентуални поплави кои во минатото им нанесувале сериозни оштетувања и проблеми.



Share

Додади коментар