Проектот за асфалтирање на ул.„Лазо Стојанов“ се приближува кон завршните фази. Откако беше отстранет стариот асфалт, денес се поставува дренажа по целата должина на улицата. По завршување на оваа фаза ќе следи и асфалтирање на површина од 840 метри квадратни. Изведувач на проектот е Градба промет а проектот е со финансиска вредност од 1 174 000 денари - информираат од локалната самоуправа.
Во тек е изградба и на потпорен ѕид на ул.„Личка“. Изведувач на работите е Градба промет. Во овој проект вклучена е и изградба на потпорен ѕид на ул.Младост. Изградбата на овие потпорни ѕидови е по барање на жителите во овој дел од градот а се реализира согласно Програмата за комунална изградба. Финансиската вредност на проектот изнесува 562 000 денари - информираат од општината.
Додади коментар