Градежни активности во општина Кавадарци
16-08-2021 РЕГИОН

Оперативата на градежната фирма „Градба Промет“  денес започна со асфалтирање на ул.„Блажо Алексов“ - информираат од локалната самоуправа. Асфалтирањето се врши во два слоја на површина од 3900 метри квадратни.

 

Претходно, согласно истиот проект беа поплочени и тротоарите на истата улица со површина од 2150 метри квадратни. Финансиската вредност на овој проект е 9 милиони денари.

 

Денес се започна со поплочување на крак и паркинг простор од „Булевар Македонија“. Поплочувањето се врши со бехатон коцки, а изведувач на работите е фирмата „Павер Трејд“. Овој комунален проект се реализира по барање на жителите од овој регион - велат од општината.

 

Aнгажираната оператива за интервенции на јавното улично осветлување работеше на поставување на комплетно ново улично осветлување во викенд населбата „Голеш“ на Тиквешкото Езеро.  Со реализацијата на овој проект значително се подобрија условите за жителите кои имаат викендици во оваа населба.



Share

Додади коментар