Градежни активности во Кавадарци
02-10-2018 РЕГИОН

 

Кампањата за ревитализација на градските улици продолжува. Ангажираната оператива денеска изврши асфалтирање на улицата „Цар Самуил“ веднаш под спортскиот центар „Јасмин“ - информираат од прес службата на општината.


Преку проект на Општина Кавадарци беше асфалтирана површина од 600м2.


Претходно ЈП „Комуналец“ на оваа улица постави атмосферска канализација.


И овој проект Општина Кавадарци го реализира на барање на граѓаните кои живеат во овој дел на градот.

 

 

Општина Кавадарци посветува внимание и на одржувањето на постојните површини за одмор и рекреација.


Деновиве општината преку оперативата на ЈП „Комуналец“ реализира проект за обновување на фонтаната во рекреативната зона на улицата „Солунска глава“. Овде се изведуваат водоинсталатерски работи за новата фонтана, како и градежни работи за хортикултурно уредување на просторот.


Планирано и репарирање на постојните реквизити од детскиот забавен парк.


По звршувањето на работите граѓаните од овој дел на градот ќе добијат обновена зона за одмор и рекреација.



Share

Додади коментар