Градежната офанзива во Кавадарци продолжува
25-10-2018 РЕГИОН

 

Комуналната изградба во Општина Кавадарци се одвива непречено. Започна реализација на проектот за изградба на дел од тротоарот на улицата „Браќа Џунови“ на потегот од спојот со улицата „Киро Спанџов“ во правец на спојот со улицата „Слога“ - информираат од прес службата на општината.


На овој дел ќе се постават бехатон плочки на површина од 300м2, за што општината инвестира сума од 260.000 денари. Парите се обезбедени од буџетото на општината, сметка за комунална изградба.
Реализацијата на овој проект е на барање на жителите од овој дел на градот.

 

Во Ваташа е во тек реализација на комунален проект за поплочување на крак од улицата „Боро Ваташки“. Се изведуваат подготвителните земјени работи на теренот на просторот меѓу црквата и блиската зграда.

 

 


Се поставуваат и рабници со кои ќе се оформи површината на која ќе бидат поставени павер елементи.
Проектот е на барање на жителите од селото Ваташа кои гравитираат кон оваа улица.

 

 

На површина од 30м2 ќе се постават бехатон плочки како рабници во должина од 15 метри кај фонтаната во населба Глишиќ. Како дел од проектот е и поставување на нова фонтана за питка вода која треба да ја замени постојната стара фонтана.



Share

Додади коментар