Комуналната изградба во делот на улиците стартуваше со нов поголем проект согласно кој ќе бидат ревитализирани коловозните ленти на неколку значајни сообраќајници во градот.
Механизацијата и работниците на фирмата „Изолација“ од Скопје денеска започнаа со гребење на стариот и оштетен асфалт на значаен дел од улицата „Ѓоре Брушански“. Во оваа фаза од нејзината ревитализација ќе бидат изгребани вкупно 2 400м2 оштетен коловоз, по што ќе следи поставување на нов слој асфалтна подлога.
Општината Кавадарци во сколоп на оваа градежна кампања ќе ги ревитализира и најоштетените делови од улиците „Браќа Џунови“, „Народни херои“ и улицата „Дисанска“ - информираат од прес службата на општина Кавадарци.
Како дел од комуналната изградба општината Кавадарци преку оперативата на фирмата „Урбан инвест“ го реализираше проектот за поплочување на крак од улицата „Кузман Јосифовски-Питу“ во Кавадарци.
По претходно извршена експропријација се создадоа услови за пробивање на крак од улицата со кој им се овозможи слободен и урбанизиран пристап на жителите на неколку куќи од овој дел на градот до улицата „Кузман Јосифовски -Питу“.
Откако се изврши трасирање на кракот од улицата и беа поставени рабници и тампон, денеска заврши последната операција со поставување на павер елементи-бекатон коцки на вкупна површина од 270м2.
Општината само за изведување на градежните работи на улицата инвестира 377.828 денари. Парите се обезбедени од сметката за комунални работиа од општинскиот буџет.
Оправданоста и функционалноста на проектот „Мој Општинар“, во целост се покажува и со практичен пример во селото Марена.
Секојдневните контакти на општинарот со жителите од селото, како и со раководството на Месната заедница резултираа со проект на барање од жителите во долно и средно маало. Нивните барања градоначалникот ги претвори во реалност - велат од прес службата на општината.
По пат на донаторска акција во селото Марена се изведува тампонирање на 6 споредни улички по кои досега жителите газеа кал.
Се работи за улички во должина од близу 500 метри, каде се поставува тампон донација од фирмата „Градба промет“ од Кавадарци. Во донаторската акција со градежна механизација се вклучени и фирмите донатори „Павер трејд“ со ваљак, како и потврдениот донатор „Ја-Ми“, компанија која за потребите на општината отстапи три камиони и скип.

Додади коментар