Пет милиони денари чини новото спортско игралиште во Росоман. Целосно е готово, а деновиве се очекува и негово официјално пуштање во употреба.Игралиштето е повеќенаменско типско со сите поставени реквизити и обезбедени услови за слободно и безбедно спортување. Со поставени рефлектори, заштитна ограда и светлосна сигнализација на истата велат од Локалната самоуправа. Од таму информираат дека нивна обврска била само подготовката на теренот, а останатото на Агенцијата за млади и спорт во рамки на чиј проект се градеше и ова игралиште како едно од многуте низ Македонија.
Иако истото не е официјално пуштено во употреба желбата за спортување е поголема од се па така деновиве голом број на млади поголемиот дел од слободното време веќе корисно го минуваат таму. Игралиштето е во рамки на старото училиште во Росоман кое полека но сигурно се реконструира и има за цел да прерасне во повеќенаменски културен центар околу кој веќе се наоѓа модерно уредениот парк на кој се работеше интензивно цело лето.
Милица Младенова

Додади коментар