Летото и високите температури ги зголемија интервенциите на службата за итна медицинска помош при здравствен дом Кавадарци. Овој период е карактеристичен за почести интервенции и зголемен број на пациенти потврдува за ктв доктор Антоан Паракеов началник на службата за итна медицинска помош.Според Паракеов стомачните вирози и колапсите се најчести. Се интервенира кај пациенти со стомачни вирози проследени со проливи и повраќање, пациенти со опаднат крвен притисок, вртоглавица, а ќе ги има и колапсите се додека да се навикнеме на жешкото време вели доктор Паракеов.
Летото и поголемата раздвиженост во сообраќајот за жал ги зголеми и сообраќајните незгоди кој со себе повлекоа и поголема интервенција кај пациенти повредени при незгоди во сообраќајот додава началникот.Паракеов препорачува да се следат препораките на лекарите и повеќе да се внимава на сопственото здравје. Хронично болните редовно да ја земаат својата терапија, да не се излегува на отворено во период од 10 до 17 часот, да се користат разладни уреди, да се конзумираат повеќе течности и лесна храна, а на себе да се носи лесна и светла облека.Ако сето ова се почитува и нашето здравје нема да биде загрозено потенцира доктор Антоан Паракеов.
М.М

Додади коментар