Горештините ги зголемија колапсите
25-07-2017 РЕГИОН

Во текот на вчерашниот ден и во изминатите денови итната медицинска помош во Кавадарци бележи зголемување на бројот на повици за над 50 отсто од просекот. Зголемен е и бројот на пациенти кои побарале лекарска помош во амбулантата на брза помош, вели началникот на кавадаречката брза помош, д-р Антоан Паракеов.

 

„Зголемен е бројот на колапси поради жешкото време. Најверојатно граѓаните не се придржуваат до нашите пораки за внесување на повеќе течности за да не дојде до дехидрирање и намалување на крвниот притисок. Поради топлото време и промената на времето кое се најавува имаме веќе пациенти кои се жалат на главоболки и вртоглавици“ вели д-р Паракеов.

 

Тој додава дека во овој период намален е бројот на проливи, најверојатно поради зголемената свест кај граѓаните за поголема хигиена кон храната која се конзумира, особено овошјето и зеленчукот.

 

Лекарите советуваат внесување на повеќе течности, алкхолот да се избегнува, а исто така и кафето да се конзумира во ограничени количини.

 

Позначителна промена на времето синоптичарите најавуваат за во четврток кога ќе има и намалување на темпратурата и пообилни врнежи од дожд.

A.Д



Share

Додади коментар