Големо невреме во Тиквешијата - Селото Возарци под вода
27-08-2018 РЕГИОН
Големо невреме со пороен дожд и силни електрични празнења беснееше ноќеска во Кавадарци и околината. Наврна голема количина на воден талог.
Најпогодено од врнежите е селото Возраци. Има поплавени куќи и подруми.
Претседателот на месната заедница, Зоран Силјанов информира дека во моментов трае извлекувањето на надојдената вода со пумпи. На лице место е и Територијалната противпожарна единица од Кавадарци.
Во моментов сеуште паѓа интензивен дожд. Лозарите се во паника бидејќи дождот ја прекина бербата на грозје. Тие стравуваат дека грозјето ќе почне да скапува, а ќе ја загуби и шеќерноста. А.Д
Додади коментар