Вчера попладне силно невреме проследено со врнежи од град ја зафати општина Росоман. Првичните сознанија говорат дека има штети во земјоделството оти според жителите врнежите биле интензивни.Прво само град, а потоа град со големина колку на орев заедно со дожд паѓаше околу 15 тина минути. За тоа време успеа да ги забели дворовите, улиците, нивите, штетите се големи вели за ктв жител на Росоман. Информацијата денеска ни ја потврдува и градоначалникот Стојанче Лазов.
- Сеуште ги санираме штетите од вчерашното невреме, секој својата, а од утре и формирана комисија на Локалната Самоуправа ќе излезе на терен за првично утврдување на висината на штетите, потврдува Лзов за КТВ . Против божјата воља не се може, но беше страшно, на општината и се случи тоа што најмлаку требаше во екот на сезоната.Моите сознанија говорат дека штети има во Росоман, Манастирец, Трстеник и во делови од Сирково.Целото подрачје од двете страни на Црна беше зафатено од невремето потврдува градоначалникот.
Штетите денеска сами ги проценуваат и земјоделците кои излегоа по нивите, но велат се е на земја и нема многу што да се гледа, бидејќи глетката е жална.Од метеоролошките станици и радарските центри информираат дека вчера освен општина Росоман невремето ги зафати и Кичево, Македонски Брод ,Прилеп и Скопје.
М.Младенова
Додади коментар