Голем успех на членовите на танцовиот клуб „Линеа“ на меѓународен танцов натпревар
22-11-2021 РЕГИОН

Танцовиот Спортски Клуб Линеа од Кавадарци, на 20ти ноември со свои членови, учествуваше на Меѓународниот танцов натпревар „Македонија Опен 2021“. Натпреварот беше во организација на ТСК Прима Данца од Скопје и Танцовата Спортска Федерација на Македонија, а се одигра по правилата на Светската танцова спортска федерација.

 

Нашите танчери се натпреваруваа во две различни дисциплини и категории, а беа предводени од нивниот тренер и кореограф Лазар Соколов. Тимот „Step it Up“ се натпреваруваше во дисциплина Латино Фитнес, категорија Младинци 1 и го освоија првото место во својата категорија.

 

Вториот тим „Take a leap“ се натпреваруваше во дисциплина Синхро Латино, со три различни латино танци: Ча Ча Ча, Џаив и Самба. Тие беа во  категорија Младинци 2, а исто така го освоија првото место на нивната категорија. Двата тима се закитија со два златни пехари, а членовите од тимовите добија златни медали и дипломи за освоеното место.

 

Напорните тренинзи и кондиционите вежби си го покажаа својот резултат, истакна нивниот тренер Лазар Соколов.

 

Танцовиот Спортски Клуб Линеа Кавадарци е членка на Танцовата Спортска Федерација на Македонија, а тоа пак е од големо значење за танцовиот и спортски живот во нашиот град Кавадарци. Им честитаме на освоените места и им посакуваме уште многу освоени подиуми.

Со спортски дух, напред!

 

 

 



Share

Додади коментар