Вистинска гордост за Народна техника на Кавадарци и на Македонија со освоените четири медали и два пехари на Балканското првенство во брзо примање и предавање на морзеови знаци и радиотелеграфија и Европскиот куп на нации што од 1 до 5 јуни се одржа во градот Иванча во Молдавија.
Во македонската репрезентација двајцата натпреварувачи од Кавадарци Миле Трајков и Дарко Трајков ги освоија медалите и во екипна конкуренција освоија трето место, освојувајќи ги пехарите во два натпревара.
Миле Трајков во сениорска конкуренција освои три втори награди, а Дарко Трајков, една втора награда во категоријата јуниори.
По традиција радиоаматерите од Народна техника Кавадарци секогаш освојувале награди, а се очекува така да биде и на државниот натпревар што ќе се одржи на 18 јуни во просториите на народна техника Кавадарци.
Најдобрите од државниот натпревар се стекнуваат со право да се натпреваруваат на светското првенство што треба да се одржи во септември во Црна Гора.
М.Мукаетова
Додади коментар