Денеска и утре во Кавадарци ќе се реализира голема крводарителска акција. Хуманоста ќе ја покажат вработените од Граничната Полиција и ПС од ОН, студентите од дисперзираните студии при Унуверзитетот Гоце Делчев и средношколците од СОЗШУ Ѓорче Петров Кавадарци. Акцијата во понеделник ќе стартува за Граничната полиција и ПС од ОН. Во период од 9 до 14 часот крв ќе можат доброволно да даруваат сите заинтересирани вработени во двете институции.
Вработените од гранична крв ќе даруваат во своите простории, а салата за состаноци при ПС од ОН Кавадарци ќе биде слободна за крводарување на вработените од полицијата. Утредента на 19 ти крводарителската акција продолжува во дисперзираните студии при Универзитетот Гоце Делчев во Кавадарци. Таму акцијата традиционално веќе неколку години заеднички се спроведува со студентите и членовите на Ротари клуб Кавадарци. Истиот ден доброволно крв ќе даруваат и средношколците од СОЗШУ Ѓорче Петров. И овие две акции во вторник ќе траат во периодот од 9 до 15 часот.
Сите четири акции организирани се од општинската организација на Црвен Крст Кавадарци, а ќе ги реализираат екипите на институтот за трансфуиона медицина. Очекуваме одличен одзив на кој не се сомневаме ни овој пат водејќи се од тоа дека Кавадарци со години е меѓу нај хуманите и прв на листата кога станува збор за крводарување велат од црвениот крст.
М.М

Додади коментар