ЈП Комуналец Кавадарци, организиациона единца водовод, интензивно работи на отстранување на огромниот дефект кој се случи на водоводната линија ФИ 150 од каде со вода за пиење се снабдуваат жителите на висока зона запад, селата Шивец, Возарци и Фени индустри, ни рече денеска Марјан Прескакулев, раководител на водовод. Тој нагласи дека жителите останаа без вода за пиење и по 17 часот вчера, бидејќи неможел дефектот да се отстрани како што првично било планирано.
„Поради тежината на дефектот вода неможевме да пуштиме вчера. И денеска интензивно продолжуваме со санирање на големиот дефект. Во санацијата се вклучени и два багери. Планираме дека до крајот на денот или до 18 часот дефектот ќе биде саниран и водата ќе потече во водоводната линија“ рече Прескакулев.
Што се однесува до забелешките на возарчани дека без вода за пиење биле од вторникот, побаравме одговор од Комуналец. Ни беше речено дека водата во Возарци била запрена поради овој дефект во средата вечерта, а претходната ден имало пократок прекин поради друг помал дефект, но водата по неговата санација била пуштена и нормално водоснабдување имало се до средата вечерта.
Од Комуналец апелираат граѓаните да покажеле трпение, бидејќи проблемот бил голем и неговото отстранување барало време.
Ангел Данов
Додади коментар