Годишно собрание на Организацијата на резервни офицери на Република Макдонија
25-12-2013 РЕГИОН

Организиацијата на резервни офицери на Република Македонија денеска во Кавадарци го одржа годишното собрание на кое беше разгледан и усвоен извештајот за работењето во годината што одминува. Беше истакнато дека програмата за едукација и обука на членството и сите друго активности на организацијата  биле успешно реализирани.

„Со својата активност Организацијата на резервни старешини партиципираше и во зачувувањето и јакнењето на внатрешната стабилност, интегритет и суверенитет на Република Македонија и нејзиното забрзано евроатланско интегрирање. Со негувањето на позитивните вредности и традиции од подалечното и поблиското минато, ОРОРМ придонесе и во јакнењето на моралниот дух и патриотските чувства кај членството“ рече претседателот на Организацијата на резервни офицери на Република Македонија,  проф д-р Ѓорѓи Малковски, нагласувајќи дека организацијата брои околу десет илјади членови.

Во извештајот што го разгледуваа делегатите од општинските организации се потенцира  дека биле остварени респективни резултати во обуката, благодарение на успешната соработка со наделжните институции од областа на одбраната . Непосредно во разни облици на обука и едукација, слободарски традиции и меѓународни активности биле вклучени 2945 резервни офицери и подофицери.

На годишното собрание во Кавадарци беше промовиран и весникот на резервните офицери „Офицер“ во кој се содржани информации и теми од одбраната. Офицерите резервисти денеска имаа можност да го посетат Музејот на вкусови во Кавадарци и куќата на Народниот херој Страшо Пинџур.

А.Д



Share

Додади коментар