„Справувањето со здравствената криза е сериозен предизвик, но, избегнувањето на долгорочните негативни последици од недовербата на граѓаните во институциите, но и во науката и струката, која се интензивираше во време на пандемијата, е не помал предизвик. Она што сигурно нѐ очекува е нов бран на негативни кампањи кои ќе ги обесхрабруваат луѓето да се вакцинираат преку ширење на теории на заговор на социјалните мрежи. Затоа, кампањата за вакцинирање, кое секако ќе биде на доброволна основа, ќе мора да се води и преку лични примери. Не смееме да дозволиме, во 21-от век, за вакви сериозни прашања, полуписмени шарлатани и надрилекари да доминираат над најголемите научни имиња и институти кои во изминативе два века, од појавата на првите вакцини, спасија милиони човечки животи“ рече денеска во годишното обраќање пред пратениците и македонската јавност, претседателот Стево Пендаровски.
Тој покрај состојбата со корона кризата, се осврна и на членството во НАТО и блокадата на патот кон ЕУ, преговорите со Бугарија, пописот, реформите во правосудството.

Додади коментар