Годишна програма за управување со отпад на територијата на општина Велес
26-02-2015 РЕГИОН

Уште 1.000 домаќинства ќе добијат стандардизирани канти за смет. Ова го предвидува годишната програма за управување со отпад на територијата на општина Велес. Документот денеска го разгледуваше општинскиот совет. Во него надлежните пишуваат дека одлуката за набавка следи по минатогодишната пилот фаза.. Неколку улици во градот добија вакви канти од 120 литри. Резултатите биле повеќе од задоволителни па затоа е одлучено проектот да се продолжи и оваа година..

Инаку според програмата за управување со отпад во 2015-та година, општината во соработка со јавното комунално претпријатие дервен предвидува и електрификација на градската депонија. Потребите од електрична енергија во моментов се задоволуваат преку дизел агрегат кој е недоволен за планираните активности на депонијата.. Спроведените анализи покажале дека за приклучување во електричната мрежа се потребни 100 илјади евра.. Поради високата цена, општината планира таму да постави фотоволтаичен систем за производство на електрична енергија.. Таа ќе се добива со искористување на сончевата енергија. Општинските служби утврдиле дека овој начин е најповолен како од економски така и од еколошки причини. Со него ќе се обезбеди и потребната количество струја за потребите на депонијата. Од локалната самоуправа велат дека ова се прави бидејќи во следниот период е предвидено воспоставување на системот за секундарка селекција на отпад од пакување..

Во годишната програма е предвидено и продолжување на проектот за воведување на руралните средини во системот за собирање смет.. Така оваа година комунален отпад од домаќинствата ќе се собира и во селата Црквино, Клуковец и Бузалково.

 

Зоран Јаневски



Share

Додади коментар