2880 кавадарчани или 8,97% од вкупниот број избирачи гласале утринава до 10 часот на претседателските избори, информираат од ОИК Кавадарци. Вкупниот број избирачи е 32151. Сите гласачки места биле отворени во 7 часот и засега гласањето се одвива без проблеми.
Слична е излезноста и во Неготино. Таму до 10 часот правото на глас го оствариле 1392 граѓани со право на глас, или 8,81% од вкупниот борј запишани избирачи. Проблеми во текот на гласањето нема.
Во Росоман има послаба излезност на гласачките места до 10 часот. Според податоците од ОИК, гласале само 6,70% од вкупниот број избирачи.
Најголема излезност се бележи во Демир Капија. Таму правото на глас го искористиле 11,72% од запишаните избирачи 3331.
Генереална е оценката дека споредено со претходните изборни циклуси се бележи послаба излезност до 10 часот.
А.Д
Додади коментар