Гласањето во Тиквешијата без проблеми - до 11 часот одзивот е над 20%
15-07-2020 РЕГИОН
Без проблеми и понатаму протекува гласањето во општините од Тиквешкиот регион. Излезноста е во рамки на минатите изборни циклуси.
„До 11 часот правото на глас го оствариле 20,8 % од запишаните гласачи. Не се забележани ниту пријавени до ОИК неправилности“ вели претседателот на ОИК Кавадарци, Зоран Костов.
Во Кавадарци се гласа на 60 избирачки места, а право на глас имаат 32.270 граѓани.
Мирно и без проблеми се одвива гласањето и во Неготино. Таму до 11 часот гласале 3491 граѓанин или 21,97% од вкупниот број запишани избирачи.
Во Росоман одзивот до 11 часот е 14,20%.
А.Д
Додади коментар