На денешен ден 1882 година во Кавадарци е роден македонскиот револуционер и војвода Добри Даскалов. Историјата за него вели дека беше борец во четите на Јане Сандански и Христо Чернопеев, делегат на Солунскиот конгрес на ТМОРО, учесник во Илинденското востание, Прилепскиот подвижен конгрес, Рилскиот конгрес и член на Народната федеративна партија дел од нејзиното централно раководство. Во негова чест денска Гимназијата Добри Даскалов, директорката, вработените, соработниците, борците положија свежо цвеќе пред бистата на патронот во холот на училиштето.
По повод патрониот празник традиционално и годинава кавадаречката Гимназија ја организираше лигата на класно првенство за која говори професорот по физичко образование Блаже Велков.
Денот на Даскалов во Гимназијата денеска се одбележа и со организирана трибина на тема ,,Дали сме сами во вселената,,.Свечената академија училиштето ја најавува за утре со почеток од 19 часот во кино салата при домот на културата Иван Мазов Климе. Добри Даскалов подмолно е убиен во Кавадарци на 20 јуни 1912 година.
М.М
Додади коментар