Минимум 60 поени за гимназиско и 55 за економско правно образование ќе им бидат потребни на осмоодделенците кои средното образование годинава планираат да го почнат во Гимназијата Добри Даскалов Кавадарци. Деновиве се утврдени критериумите и потребните поени за упис во ова средно училиште кое согледувајќи го бројот на ученици кој излегуваат од осносновно образование и анализирајќи ги претходните уписи и оваа 2014 година очекува да бидат исполнети слободните места предвидени за новите средношколци.
Маркетингот или промоцијата е најважната алатка во совремниот образован процес смета директорката на кавадаречката Гимназија Невенка Поп-Ангелова.Токму затоа ова училиште покрај стандард промоциите низ основните училишта непосредно пред уписите од годинава ќе работи и со уште една мерка новитет за промоција насловен како Ден на ученици кој почнува од ООУ ТХТ Кавадарци.
Повеќе од збунувачка е раскрсницата на која веќе стојат осмоодделенците.Но за разлика од неа пак повеќе од значаен е изборот на патеката по која ќе зачекори секоја индивидуа.На учениците им нудиме современ избор кој ветува успех, но тие се оние кој ја донесуваат конечната одлука смета Поп- Aнгелова.
M.M
Додади коментар