ГДОМ: „Кавадарци сака избори на 5 јуни“
10-05-2016 РЕГИОН

„Кавадарци сака избори на 5 јуни и прогрес. Крај на поделбите во Македонија“ е пораката што синоќа беше испратена од протестниот собир на Граѓанското движење за одбрана на Македонија, што се одржа во паркот на револуцијата.

Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов рече дека нивните политички противници сакале да дојдат на власт без избори, бидејќи немале што друго да им понудат на граѓаните.

 

„ Ние за разлика од нашите политички противници не криеме дека 90 и над 90 проценти сме членови на ВМРО-ДПМНЕ. Едноставно затоа што си ја сакаме Македонија, си го сакаме нашиот град и му сакаме се најдобро на нашиот град и на Македонија. Секој човек кој елементарно познава историја не може да биде на другата страна. Тоа се луѓе кои што денес имаа гости од Косово. Тие што пукаа на нашите сограѓани и на нашите полицајци и не знам како не им се сушат рацете кога ги примаат таквите во прегратка. Господ гледа и ние како демохристијанска партија ќе го оставиме тој суд да го донесе господ“ рече Панов.

 

Тој упати апел до продавачите на бои да не им продават бои на луѓето 

кои протестирале, бидејќи тие немале ништо изградено.

„ Тие луѓе не се претставници на невладини организации. Тоа се луѓе на СДСМ, луѓе кои немаат ниту еден проект за Кавадарци  и Македонија.  И Кавадарци сака избори на 5 јуни. Дај  боже на 5 јуни да има и збори и да победи тој што е најзаслужен. Нашите политички противници сакаат да дојдат на власт без избори, бидејќи тие никогаш не работеле и немаат што да им понудат на луѓето. Не сакам да помислам дека Македонија и Балканот се повторно жариште за нова светска војна. Ние сме мирољубив народ“  порача Панов.

 

Пред присутните се обрати и претседателката на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, Горица Пеливанова.

„Опозицијата како што гледаме е толку деструктивна. Гледаме како ги бојат спомениците кои што ги правеше оваа влада. Ако се толку против проектите на оваа влада зошто тие исти луѓе ги користат истите бенефиции. Зошто не ги вратат парите од субвенциите., Зошто не ги офарбаат фабриките кои вработија 6000 луѓе во Кавадарци. Зошто не ги ископаат патиштата кои ги прави оваа влада. Зошто не го офарбат споменикот на Скендер Бег. Зарем сето ова не зборува кои се тие луѓе. Тоа се луѓе кои сакаат да дојдат на власт без избори“ рече Пеливанова Вилхелм.

Ангел Данов



Share

Додади коментар