Значително висока концентрација на ПМ 10 честички покажуваат резултатите од мерната станица во Кавадарци за изминативе 24 часа. Кавадарчани вчера од 17 часот дишеле воздух „збогатен“ со значително количесто на ПМ 10 и тоа за пет пати над дозволеното.
Максималната граница пропишана од Европската унија за ПМ1 е 50 микгрограми на метар кубен.
Загадувањето започнува од 17 часот. Во 19 веќе достигнува максимални 297 микрограми на метар кубен, кога темпратурата на воздухот била 9.39 степени целзиусови, влажноста на воздухот 57%, а дувал ветер со брзина од 2 км/ч.
Во 20 часот има благо опаѓање на нивото на ПМ на 257 микрограми на метар кубен. Позначително опаѓање на ПМ 10 има во 03 часот, 73 микрограми наметар кубен. Во периодот од 6 до 8 часот утринава квалитетот на воздухот во делот на ПМ честички е во граница на дозволеното, а од 9 часот повторно започнува загадување. Мерната станица во Кавадарци покажува во овој период 118 микрограми на метар кубен. Температурата на воздухот била 15.7 степени, влажноста на воздухот 48%, а брзината на ветерот 1.6 км/ч.
Потоа апликацијата за мобилни телефони до 12 часот не даваше податоци за состојбата со ПМ 10 честичките.
Aнгел Данов
Додади коментар