Вчера Неготино беше без вода за пиење
09-07-2015 РЕГИОН

Поради отстранување на дефекти на главната водоводна мрежа преку која водата од Лукар доаѓа до домовите на сите граѓани, во текот на вчерашниот ден општина Неготино немаше вода за пиење. Екипите на ЈП „ Комуналец “ до доцна во ноќта останале на терен и во тешки услови работеле за отстранување на детектираните 4 дефекти на 72 километарската водоводна мрежа. Бидејќи екипите нашиле на поголеми проблеми, прекинот на водата траеше подолго од предвиденото време.

 

За време на изведувањето на работите на терен, екипите на ЈП „ Комуналец“  успеале да санираат 2 дефекти на територијата на општина Кавадарци и кај Тимјаник кои придонесувале за загуба на 5 литри вода во секунда-количини кои се вратени во водоводниот систем. Од ЈП Комуналец велат дека останатите 2 дефекти ќе се санираат во наредниот период. Воедно истакнуваат дека поради технички причини, одосно додека да се стабилизира дотурот на вода во главната водоводна мрежа во наредните неколку денови ќе има дневни редукции на водата за пиење и тоа од 12 до 15, а ќе бидат укинати рестрикциите кога ќе дојде до нормализирање на состојбата  со водоснабдувањето на цела територија на општина Неготино.

Маја Алексовска

 

 



Share

Додади коментар