Продолжува форумската расправа за изготвување на буџетот на општина Кавадарци за следната година. Синоќа граѓаните учесници на втората форумска сесија беа запознати со приоритетите за развој на општина Кавадарци за 2015 година, ги разгледуваа предлозите од работната група од минатата форумска сесија и ги утврдуваа најприоритетните предлози кои произлегоа од нив.
Пред учесниците на форумот неше претставена и проекцијата на приходи на општина Кавадарци за 2015 година.
Од 52 те предлог програми што на првата форумска сесија ги предложија граѓаните од работните маси, синоќа по дискусијата од градоначалникот Александар Панов се избраа 14. Овие предлози ќе бидат предмет на дискусија на наредните форумски сесии и од нив ќе се избере еден кој ќе го прифати градоначалникот и ќе стане составен дел од буџетот за наредната година. Синоќа најголема подршка од учесниците во форумот доби буџетската програма за изградба на улици и патишта во општина Кавадарци.
А.Д

Додади коментар