Втора седница на советот на општина Кавадарци-формирани општинските комисии
23-05-2013 РЕГИОН

Со 19 присутни советници претседателката на опшинскиот совет Горица Пеливанова Вилхелм ја започна денешната втора седница по ред на кавадаречкиот совет. Се расправаше по 41 точка од надополнетиот дневен ред. Избрани беа комисиите, кварталниот извештај на буџетот, предлог програмите за екскурзии на основните училишта и неколку предлог одлуки со кој се надоплни дневниот ред предложени од претседателката на советот,а предлогот на советникот Ташо Радњански за надополнување со расправа за оглас поврзан со измени во А дозволата на Фени Индустри и одложување на 40 та точка предлог одлука за субвенционирање на странски инвеститори со 7 гласа за и 10 против не беа прифатени.

Процедурално советникот Радњанси побара по формирањето на комисиите неговото барање во врска со огласот на Фени Индустри да биде разгледано и ставено на дневен ред на следната седница, по што едногласно беше прифатен дневниот ред за работа. 31 точка од истиот советниците без дискусии и едногласно усвоија. Избрана беше комисијата за финансии и буџет со  5 члена и претседател Зоран Јованчев.Комисија за урбанизам со 7 члена и претседател Горица Пеливанова Вилјелм, комисија за локален економски развој со исто 7 члена и  претседател Јасминка Крстева, комисија за комунална изградба со претседател Трајче Грков, комисија за екологија со претседател Душанка Малинкова.Комисија за јавни коминални дејности со претседател Јасминка Крстева, комисија за статут и прописи со претседател Горан Белевски од редовите на опозицијата, комисија за здравство со претседател Душанка Малинкова од ВМРО, комисија за образование со претседател Горица Пеливанова Вилјелм, комисија за социјална и детска заштита со претседател Милица Андова од опозицијата, комисија за култура со претседател Блаже Тасев, комисија за спорт со претседател Ристо Сакалиев, комисија за одбележување на празници манифестации и доделување награди и признанија за претседател Горица Пеливанова Вилјелм, комисија за земјоделие претседател Зоран Бањански, Трајче Грков беше избран за претседател на комисијата за лозарство и винарство, Зоран Јованчев на чело на комисијата за месна самоуправа, но и  прв човек на комисијата за меѓународна соработка, претседател на комисијата за имотно правни рбаоти е Горан Белевски од СДСМ, Блаже Тасев на комисијата за јавна безбедност и безбедност во сообраќајот, Милица Андова претседател на комисијата за еднакви можности, Ристо Сакалиев на комисијата за рурални средини, Зоран Јованчев беше избран за претседател на комисијата за надзор на материјално финансиското работење на општината и сите 19 советници како членови и претседателката на советот како претседател на комисијата за изработка на програма за работа на советот на општина Кавадарци.

Советниците едногласно ја донесоа и одлуката за разрешување на членови на комисија за уредување на пазарната вредност на недвижниот имот при промет, а едногласно именуваше и претставници на општината во училишните одбори на училиштата. За такви беа именувани Горан Панопвски и Соња Костова за ООУ Страшо Пинџур Кавадарци, Димитрија Ангелков и Данче Младенова во ТВП, Надица Василева и Васка Силјанова за ТХТ, Горан Јосифов и Стефка Саздова за ДАГ К-ци, Миланка Кузева и Зоран Џерџев за ДАГ В-ша Даниела Тренчева и Ќире Крстевски за ГД и Марија Јованова и Пере Мелов за ОМБУ Лазо Мицев Рале. На дневен ред денес беше и кварталниот извештај за извршувањето на буџетот на општина Кавадарци за 2013 прв квартал. Детално за него зборуваше Цанка Јовановска од секторот за финансии при Локалната Самоуправа. На нејзиниот извештај забелешки најдоа советниците од опозицијата Зоран Бањански, Горан Белевски и Милица Андова. Според нив кварталниот извештај во таква форма не е разбирлив, дава впечаток дека средства најмногу се користат за избори, има наведено неколку трансфери на финансии без образложение детално за што, не е рамноправен во однос реализација на приходи и расходи, нема развојна компонента, има нерамномерно раздолжување на општината,како и неколку забелешки во дел на  плати за привремено вработени.На сето ова со одговор излезе секторот за финансии.

Советниците по излагањето на Јовановска со 10 гласа за, против 6 и 1 воздржан  го изгласаа кварталниот извештај.Донесена беше  и одлука за одобрување на финансиски средства од буџетот на Општината

со дополнувања за помош на три лица предложени од Ристо Сакалиев, Горан Белевски и Ташо Радњански. Едногласно беа усвоени на денешната седница и предлок одлуките на основните училишта за организираните екскурзии но со забелешка од советникот Златко Јованов во иднина училиштата овој предлог до советот да го доставуваат со годишната програма. Милица Андова од СДСМ по предлог одлуката за давање на користење недвижна ствар во случајот Винкста куќа Еми посочи да не се пренаменува објектот и да ја задржи неговата намена з апрезентација и дегустација на вина, а Сашко Петров праша дали претходниот закупец го има подмирено долгот на што Јовановска одговори дека еден ден е исплатен а за останатиот во тек е судски спор по што едногласно се усвои и оваа точка од дневниот ред.

Со 12 гласа за и 7 воздржани главно опозицијата од чие име се изјасни советникот Зоран Бањански беше донесена одлуката за субвенционирање странски инвеститори во случајот Дрекслермаер. Бањански потенцираше дека опозицијата секогаш била за подршка на странските инвеститори но потенцираше дека во иднина треба да се води и грижа за домашните. Јасно бањаски кажа дека сдсм е воздршан по оваа точка.На крајот од седницата едногласно сите 19 советници рекоа за и за склучувањето на договор за обезбедување на утврдено ниво на услуги за водоснабдување и канализација на урбани отпадни води помеѓу општина Кавадарци и ЈП Комуналец.

Милица Младенова



Share

Додади коментар