Втора езерска регата на Тиквешко Езеро
27-07-2015 РЕГИОН

По втор пат, вчера се одржа Тиквешката винска езерска регата. По водите на Тиквешкото Езеро запловија шеесетина учесници кои имаа можност да ги согледаат природните убавини, да го запознаат полошкиот манастир „Свети Ѓорѓи“ и таму да ги дегустираат убавите вина од тиквешките винарии. Покрај учесници од Кавадарци на регатата учествуваа и гости од Скопје. Организатор на регатата е здружението „Винотек“ од Кавадарци. Тие искажаа задоволство од тоа што интересот и за оваа регата бил голем.

„ Целта на „Винотек“е да  ги приближиме кон поголем круг луѓе сознанијата зошто се вели дека виното е пијалок на боговите, храна за телото и душата и срце на сонцето преточено во чаша. Да се слушне за многуте мали винарии, а нивните вина и ракии дa ги направиме подостапни за сите љубители на добрата капка.

На Тиквешката езерска регата меѓу приустните беа и претставници на „Стефани вајнерс“и претставник на винаријата која во Кавадарци датира од 1885 година. Тие велат дека со задоовлство подржуваат активност која нуди можност за промоција на виното но и на убавините кои ги нуди Тиквешијата.

Дружењето на учесниците покрај во вода беше и на полошкиот манастир. Таму се дегустираше виното и риби од езерото.   Кон крајот на јуни „Винотек“ ја организираше и третата речна регата по водите на реката Вардар, а во план е да не застанат тука. Веќе се подоготвуваат за нова организација на ваков вид промоција на виното и убавините на овој крај./       А.Д



Share

Додади коментар