Горат нискостеблеста дабова шума и сува трева во атарот на кавадаречкото село Галиште. Петко Ристовски, шеф по заштита на шуми во подружницата на "Македонски шуми" од Кавадарци информира дека пожарот кој избувна во петокот на прилепска територија и сеуште е активен, од синоќа е префрлен и во кавадаречкиот дел.
Зафатени се околу два хектара во кавадаречко, кај местото викано Србиново. Во гаснењето учествуваат работници од подружниците на "Македонски шуми" од Прилеп и Кавадарци, прилепски пожарникари и луѓе од ловиштето "Сафари", информира магистер Ристовски.
Синоќа се делувало до 12 и 30. Во гаснењето на пожарот помогнале и два авиони на дирекцијата за заштита и спасување. Денеска на помош очекувам и два хеликоптера, на терен имам десетина луѓе од подружницата Бор Кавадарци, тука се од ловното друштво, луѓе од Прилеп.Пожарот сеуште гори, ја употребуваме сета механизација иако застарена, но делуваме и со сета сила, додава Ристовски, кој искрено се надева дека во текот на денешниот ден пожарот ќе биде локализира.
14.01 часот: Последните информации што ги добивме од Ристовски говорат дека огнот се шири со голема брзина и зафаќа се поголема површина со ниско стеблеста шума.
М.М

Додади коментар