Врнежливо време за продолжениот викенд

За време на продолжениот празничен викенд нашата земја ќе биде под влијание на серија влажни вздушни бранови од Медитеранот, кои ќе предизвикаат претежно облачно време со врнежи од дожд на повеќе места ќе бидат обилни .

 

Утре времето ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни, така што се очекува поголемо количество на наврнат воден талог во западните и јужните делови од земјава. Локално во југозападните делови врнежите ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи

 

Во сабота и недела локално се очекува да наврнат околу 50 л/м2 воден талог, особено во западните и северните делови. Ќе дува умерен а во недела повремено засилен југоисточен ветер.

В понеделник врнежите ќе бидат полокализирани и со послаб интензитет, особено претпладнето.

УХМР



Share

Додади коментар