Армијата на Република Македонија во соработка со Вооружаните сили на Република Словенија денеска им подели ужина на над 80 ученици од ОУ „Страшо Пунџур“ во неготинското село Криволак како и на сите корисници на социјална помош коишто секојдневно земаат оброк од народната кујна во Неготино.
Учениците во Криволак со радост ги пречекаа неколкуте војници од АРМ и ВС на Словенија кои заедно со градоначалникот на општина Неготино, Ванчо Апостолов, на секое дете му дадоа целосна ужина, а децата пак, на крај ги поздравија со пеење песни и со едно гласно „благодарам“.
И корисниците на социјална помош велат дека се многу благодарни за ужината и за денешното дружење со војските на Македонија и Словенија.
Градоначалникот Ванчо Апостолов најави дека оваа акција ќе продолжи и во другите неготински села, а соработката со армиите нема да застане овде.
Елена Данова

Додади коментар