Во рамки на проектот на УСАИД за граѓанско општество, викендов во Центарот за лица со ментален хендикеп „ Порака “ од Неготино беше спроведена и успешно реализирана волонтерската акција „ Разбуди се во боите на летото “. Имено, координаторот на МОФ во Неготино, Емилија Андонова, координаторките и асистентите на волонтерската акција Ивона Атанасова, НадицаДимова, Софија Илиевска, Стефан Андонов и Томислав Насков, 18 волонтери на ЦРОР од Неготино заедно со вработените и штитениците на Дневниот центар за лица со ментален хендикеп „ Порака “ ја спроведоа оваа акција со која реновираа дел од дневниот центар.
„ Целата иницијатива е напревена поради летниот период кој доаѓа а со тоа и потребата на корисниците на неготинскиот дневниот центар да бидат постојано надвор да изведуваат спортски активности и дружба во дворот на центарот. Секој инвентар има потреба од реновирање, а поради попреченоста на корисниците на овој центар има потреба за зголемена видливост на боите и затоа сметавме дека со оваа акција ќе донесеме многу насмевки кај корисниците и секако се промени целиот изглед на дворот и игралиштето како и дел од собата во која се изведувааат обуките со компјутери “- истакна Емилија Андонова, координатор на МОФ во Неготино.
Од медиа АРТ Клубот истакнуваат дека спроведувањето на оваа акција била со една заедничка цел, а тоа е активно вклучување на лицата со ментален хендикеп за стекнување искуство со нив преку еднодневно дружење и едуцирање како и реновирање на ентерирот во дворот на дневниот центар. Тие велат дека соработката која ја имаат со Дневниот центар „ Порака “ е од огромно значење за Младите од М-Медиа Арт Клубот, а овој настан е голем чекор за двете страни. Тие се благодарни на сите волонтери кои допринеле за спроведување на оваа акција во најдобро светло, но среќни се и на секоја насмевка која можеше да се примети на лицата на корисниците на дневниот центар „ Порака “ од Неготино.
Маја Алексовска

Додади коментар