Македонски железници –инфраструктура денеска потпиша договор со бугарската компанија СК-13 ХОЛДИНГ ЈСЦ за реконструкција на железничката делница од Ногаевци до Неготино во должина од 30.993 метри, која е дел од Коридор 10.
Согласно на договорот, бугарската компанија, работите треба да ги заврши за една година, а заедно со подготвителните работи се очекува делницата Ногаевци – Неготино да биде целосно завршена за 15 месеци. Вкупната инвестција изнесува 9,5 милиони евра, а парите се обезбедени од ЕБОР.
„Со завршување на оваа делница во рок од 15 месеци очекуваме целосно да биде завршен Коридорот 10. На тој начин брзината на движење на возовите од 30 до 50 км на час ќе се зголеми и ќе ги достигне европските стандарди од 100 до 120 км на час“, рече министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Како што информира Јанкиевски , паралелно се работи на уште две делници Табановце-Куманово и Миравци-Смоквица, кои се при крај и се очекува наскоро да бидат пуштени.

Додади коментар