Возач на цистерна го усмрти пешакот во Кавадарци
02-11-2013 ЦРНА ХРОНИКА
Во вчерашната тешка сообраќајка на раскрсницата помеѓу улица „Шишка“ и „Западен булевар“ загина 81 годишниот Стојан. Р од Кавадарци. Несреќата се случи околу 13.50 часот, откако пешакот додека ја поминувал улицата во него удри камион цистерна управувана од К.Р (1958) од Гевгелија.
Според информациите од портпаролот на СВР Велес,Анита Стојковска, несовесниот возач е откриен во Неготино во 14.30 часот.
„На лице место излегоа , истражен судија и јавен обвинител, полициска увидна екипа. По целосно документуирање на случајот ќе следи пријава до возачот“рече Стојковска.

Додади коментар