Иако со задоцнување од еден месец, Водостопанство Тиквеш – подружница Кавадарци од вчера обезбеди вода за полевање на земјоделските површини и во Сопот, Росоман и Градско.
- Отстранети се дефектите и сега вода во каналската мрежа непречено се дистрибуира во ХМС „Тиквеш се до крајните корисници“ – потврди за КТВ директорот на Водостопанство Тиквеш, Ангел Димитров. Тој нагласи дека водата во овие делови не се испорачуваше поради поголеми дефекти на кои интензивно се работело и веќе биле санирани.
Но пуштањето на вода направи проблем во селото Сопот. Излеана е вода на улиците, а има и наноси од кал на што утринава добивме бројни реакции од жителите на селото. Тие го обвинија водостопанското претпријатие дека не одговорно се однесува со каналската мрежа и поради тоа дошло до излевање на вода.
Првиот човек на Водостопанство Тиквеш вели дека водата се излеала од приватен вентил, кој бил украден и поплава настанала откако водата била пуштена во системот. Не гледа вина во Водостопанство Тиквеш за поплавените улици.
А.Д
Додади коментар