ВОДОСТОПАНСТВО КАВАДАРЦИ: НЕ СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЦЕНИТЕ ЗА ВОДЕН НАДОМЕСТ ЗА НАВОДНУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПОВРШИНИ
10-10-2023 РЕГИОН

Нема зголемување на цените за воден надомест за наводнување на земјоделските површини и култури. Тие  остануваат исти и непроменети во однос на минатогодишните цени и цените од претходните години – велат од  АД Водостопанство на РСМ Скопје, Подружница ,,Тиквеш" Кавадарци.

 

- Зголемување на цените за воден надомест за наводнување на земјоделските култури ќе нема. Водокорисниците кои користеле вода за наводнување по гравитационен пат и од пумпните станици, за извршената услуга ќе ги добијат досегашните исти цени, соопштија од Подружницата ,,Тиквеш". Исто така додаваат дека   редовно извршуваат снабдување со вода за наводнување и останати потреби за водокорисниците. Во моментов се обезбедува вода за наводнување за потребите на градинарски и индустриски култури. 

 

Од Водостопанство информираат дека се инвестира во рехабилитација и модернизација на системот за наводнување.

 

„ Во тек е реализација на проектот за рехабилитација и модернизација на пумпна станица Марена, проект вреден 63.336.000 денари, со средства обезбедени од Програмата за водостопанство, со што продолжуваат континуираните инвестиции и подршка на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство на земјоделците. Предвидено е проектот целосно да биде завршен до крајот на оваа  година. Со реализацијата на овој проект значително ќе се намалат трошоците за електрична енергија за работа на пумпната станица и подобри квалитетот и сигурноста во снабдувањето со вода на земјоделска површина од 1.200 хектари за водокорисниците од реоните на Марена, Тимјаник, Глишиќ, Сопот, Курија, Долни Дисан и Неготино, рекоа  од ,,Тиквеш".



Share

Додади коментар