Водата од системот Лукар е исправна за пиење
14-10-2015 РЕГИОН

Резидуалниот хлор на водата од водоводот Лукар е на пропишаното ниво, водата е исправна за пиење, велат од Центарот за јавно здравје Кавадарци.

Во изминатите денови поради обилните и поројни врнежи од дожд дојде до заматување на водата, но и на помал проток. Екипи на ЈП Комуналец работеа на расчистување на филтрите кои ја прочистуваат водата.

 

„ Филтерските постројки подолго беа на перење заради исфрлање на нечистата заматена вода и пропуштање само на чистата вода за пиење“ рече раководителот на организациона единица „Водовод и канализација“, Марјан Прескакулев.

Проблемот е надминат и водоснабдувањето е нормализирано. Го има потребниот притисок во водоводниот систем.

 

Заматувањето на водата се случува секогаш кога има позначителна количина на врнежи од дожд, а исто се случува и при топење на снег. ЈП Комуналец бара решение за овој проблем и беше најавено дека наскоро ќе се реализира проект со кој ќе се отстрани во целост заматувањето на водата за пиење.

 

A.Д

 



Share

Додади коментар