Водата од селските водоводи во Бошавијата задолжително да се проврива
23-11-2015 РЕГИОН

Во земените мостри на вода од селските водоводи во селата од Бошавијата се пронајдени бактерии од фекално потекло, информираа од Центарот за јавно здравје во Кавадарци. Жителите на овие села пред употреба задолжително мора да ја провриваат водата, вели специјалистот по хигиена д-р Трајче Ризов од Центарот за јавно здравје во Кавадарци.

„Водата од селските водоводи во Чемерско, Бохула, Крњево и Горна Бошава, како и од селската чешма во Страгово и горната природна чешма во Бохула, мора да се проврива. Откриени се ешерихија коли и колифорни бактерии“ вели д-р Ризов.

Здравствените власти веќе го информирале и Центарот за управување со кризи. И во минатиот период поради неисправност на водата во овие села имаше препораки за провривање пред употреба.

 

Ангел Данов



Share

Додади коментар