Водата од Лукар исправна и без провривање
02-07-2018 РЕГИОН

 

Со подобрувањето на временската состојба и со превземените мерки од страна на Центарот за јавно здравје и ЈП Комуналец, водата од градскиот водовод е исправна за пиење.

 

„Во изминатите денови се вршеше зголемено хлорирање на водата од Лукар. По земените мостри и направените анализи утврдивме дека водата за пиење е исправна и нема потреба од претходно провривање. Сите вредности од резултатите се во рамки на нормалните“ рече д-р Трајче Ризов, специјалист по хигиена од Центарот за јавно здравје Кавадарци.

 

Тој нагласува дека препораката за задолжително провривање е тргната, како за жителите на Кавадарци, така и за жителите на Неготино и Росоман, кои исто така со вода за пиење се снабдуваат од Лукар.

 

Поради обилните врнежи кон крајот на минатата недела, повторно беше заматена водата од изворот Лукар и од Центарот за јавно здравје веднаш алармираа водата пред пиење задолжително да се проврива.

А.Д



Share

Додади коментар