Водата од Лукар исправна е за пиење
06-02-2015 РЕГИОН

Пристигнаа резултатите од анализата на водата за пиење од градскиот водовод Лукар во Кавадарци. Од Центарот за јавно здравје и официјално денеска потврдија дека водата за пиење бактериолошки и хемиски е исправна за пиење.

 

„Се е во нормални граници според правилникот за квалитет на водата. Микробиолошките анализи покажаа дека водата е исправна за пиење. Единствено покачени се параметрите на заматеност, но  заматувањето не е проблем за здравјето на луѓето“ рече денеска д-р Трајче Ризов од Центарот за јавно здравје.

 

Тој препорачува водата да се проврива единствено за малите деца, бидејќи нивниот организам е и најосетлив.

 

Дали ќе има ново дополнително заматување на водата поради денешниот пороен дожд од кој беше зафатено Кавадарци и околината,  останува да се види вечерва, а за што ќе следат и дополнителни известувања.

A.Д



Share

Додади коментар